Акатист кон Пресвета Богородица |
4.04.2025. | |
![]() На 04. 04. 2025 година, во храмот на сесловенските и македонски просветители, Кирил и Методиј, во Велес, беше отслужено мало Повечерие со целиот Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужбата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а служеа повеќе свештенослужители од градот Велес. На оваа вечерна богослужба, се чита целиот Акатист кон Пресвета Богородица, кој пак, за време на Великиот Пост се служи во петоците од првите пет седмици од Великопосниот период. По завршувањето на малото Повечерие беа осветени петолебија, кои верниците ги земаат за здравје и благосостојба.
|
< Претходно | Следно > |
---|