Света Заупокоена Литургија во Тетово |
24.03.2025. | |
![]()
На 22.03.2025 година, кога го чествуваме споменот на светите Четириесет Севастиски маченици (Младенци), во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше на Светата Заупокоена Литургија во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На Божествената Литургија беседа произнесе Митрополитот г. Агатангел.
По Литургијата се отслужи Трисагија за починатите во Кочани и се принесоа молитви за оздравување на сите повредени, кои се во болниците.
Повеќе информации на страната на Тетовско-гостиварската епархија
|
< Претходно | Следно > |
---|