Недела на Православието |
9.03.2025. | |
![]()
Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од епархијата, како и јеромонахот Кирил од Бигорскиот манастир. Со празнично слово за споменот на победата над иконобоството кон насобраните верници се произнесе протоереј Борислав Бобевски. Јеромонахот Кирил, во оваа прилика, од името на Епископот Антаниски г. Партениј, му даруваше на Митрополитот Агатангел икона од Мајката Божја. По Литургијата беше отслужен и Молебен, кој се извршува во Неделата на православието. Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.
|
< Претходно | Следно > |
---|