Тодорова сабота |
8.03.2025. | |
![]()
Во првата сабота од Великиот Пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Светата Литургија на Тодорова сабота, како и секоја година, ја одбележаат големиот број верници кои доаѓаат во храмовите ширум Повардарската епархија да ги примат Светите Христови Тајни, па така и оваа година во храмовите во градот Велес, речиси сите присутни верници пристапија кон Светата Тајна Причест.
|
< Претходно | Следно > |
---|