Прочка |
3.03.2025. | |
![]()
Во Неделата на простувањето - Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога. Во својата празнична беседа Митрополитот Агатангел не повика сите да го искористиме овој ден за да побараме прошка од своите најблиски и од сите оние на кои сме погрешиле и да се обидеме од денешниот ден, па се до Воскресението Христово да ја исполниме нашата душа со добрина, љубов, милосрдие и на тој начин да се обидеме да се соединиме со нашиот Бог, Господ Исус Христос. По Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел зеде молитвено учество во Умилителната вeчерна богослужба, по чие завршување следуваше чинот на меѓусебно простување.
|
< Претходно | Следно > |
---|