Недела на Страшниот суд |
24.02.2025. | |
![]()
Во третата подготвителна недела пред Великиот Пост, наречена Месопусна недела, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Валандово. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители. Месопусна недела (наречена уште и „Недела на Страшниот Суд“) се нарекува „месопусна“ бидејќи после неа, за време на сите денови кои следат (до Пасха) Црквата пропишала ограничен пост – воздржување од месо. Оваа недела е третата подготвителна недела од Посниот Триод, литургиска книга која се користи за службите во Великиот Пост. Неделата на Страшниот Суд следи по Неделата на блудниот син, а пред Прочка.
|
< Претходно | Следно > |
---|