Сретение Господово |
16.02.2025. | |
![]()
На празникот Сретение Господово, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици од епархијата, отслужи Света Божествена Литургија. На овој празник се извршува чин на осветување и благословување на црковните свеќи, па така Митрополитот и свештениците ги осветија и благословија црковните свеќи, а исто така овој чин се изврши во сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија.
|
< Претходно | Следно > |
---|