Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Блажена Ксенија Петроградска
Блажена Ксенија Петроградска
6.02.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот на кој Светата православна црква ја чествува Светата Блажена Ксенија Петроградска, се отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а сослужуваа свештенослужители од кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебен на Света Ксенија Петроградска, а потоа беа осветени и празничните колачи. Во предвечерјето на овој ден, во оваа иста црква, по Вечерната богослужба, беше отслужен и Акатистот на света Ксенија, а беа принесени и осветени петолебија за здравје и благосостојба на верниците.

Оваа година, издавачката дејност на Повардарската епархија, „Св. Ѓорѓи Полошки“, издаде и книга со житието на Блажената Ксенија Петроградска, која содржи и Молебен и Акатист кон оваа светителка, па затоа во прилог на оваа вест Ви го пренесуваме и Предговорот кон оваа книга на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 

 
< Претходно   Следно >