Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Богојавление - Водици
Sample Image

Возљубени,

Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник).

Сите останати услови остануваат непроменети.

 
Богојавление - Водици
19.01.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана Литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше положен чесниот и животворен крст во водите.    

Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и положувањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто влегуваат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 104 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Игор Иванов од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. Овогодишен кум на празникот Богојавление беше градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев со своето семејство.

 

 
< Претходно   Следно >