Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Синодска седница во Велес
27.03.2008.

 

Sample Image

 

 

На ден 26.03.2008 година, ден среда, во епархиското седиште на Повардарската епархија во Велес, беше одржана седница на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква.

 

По завршувањето на седницата, беше дадено следното соопштение: 

 

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, имајќи ја предвид актуелната ситуација во којашто се наоѓа Република Македонија во своето интегрирање кон структурите на меѓународната заедница, уште еднаш упатува апел, во овој процес, да се зачувува нашето име и идентитет како македонски народ, држава и Црква.

Македонскиот народ, благодарение на својата вера и високоизградено национално чувство, секогаш успевал да се спротивстави на „моќните од овој свет”, кога од него било барано да се откаже од своето. Денес, нашава генерација, во овој особено значаен период од поновата историја, надевајќи се на Божјата закрила, како и на искрените пријатели кои ја познаваат и почитуваат нашата вистина, се наоѓа пред својот најголем предизвик – да успее во заложбата да се сочува нашето национално и духовно достоинство, како и да ги оствари своите стратешки цели и интереси.

Синодот, на својата денешна седница, ги разгледа и тековните активности од животот на нашата Црква, при што особено се осврна на годишните епархиски извештаи и работата на воспитнообразовните институции.

 
< Претходно   Следно >