Божикна забава за лицата со церебрална парализа |
9.01.2025. | |
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија и оваа година се организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Свештениците го благословија овој собир и на сите кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им поделија пакетчиња. Оваа средба е традиционално Божикно дружење со овие лица и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес. |
< Претходно | Следно > |
---|