Недела на Св. Григориј Палама (23. 03. 2008) |
24.03.2008. | |
На почетокот на неделата посветена на Светиот Григориј Палама, беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино. Со Литургијата чиноначаслствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители.
Во својата проповед, Митрополитот Агатангел го истакна значењето на
Светиот Григориј Палама за православната црква, а повторно го истакна и
значењето на молитвата, покајанието и исповедта за време на Великиот
пост и ги повика верниците почесто и вистински да ги практикуваат овие
Свети тајни.
|
< Претходно | Следно > |
---|