Сеноќно бдение во Кавадарци |
2.01.2025. | |
![]()
На 31 декември ноќта со почеток од 23 часот се отслужи сеноќно бдение во Кавадарци. И оваа година насекаде се раширија молитвите упатени во храмот на светиот великомаченик Димитриј во градот Кавадарци. На бдението чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија. Верното христијанско стадо кое го имаше во многуброен број од ширум цело Повардарие, достојно и пристапи на Светата Причест, а на крајот сите заедно присуствуваа на една љубовна трпеза.
|
< Претходно | Следно > |
---|