Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Повик за Сеноќно бдение
Повик за Сеноќно бдение
23.12.2024.

 

Sample Image

 

„Бидете будни и молете сè, да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо“ (Мт. 26; 41)

Преку овие зборови, нашиот Спасител Господ Исус Христос, најдиректно ни го покажа патот на внатрешната духовна борба, од која, преку телесна и духовна будност, ќе излеземе како духовни победници.

И ние, денешните христијани, ќе треба да го следиме и усвоиме примерот на Господа Исуса Христа, Кој сеноќната молитва многупати ја практикуваше за време на Својата спасоносна мисија меѓу луѓето, а за што имаме бројни потврди во евангелските четива.

Молитвата и постот се двете духовни крила на секој христијанин, со чија помош го возвишува и издигнува својот дух, лебдејќи виско над страстите и секојдневните слабости, кои, пак, со својата силна и разурнувачка моќ, оној што не внимава и не е буден, можат да го спуштат во пеколната подземност.

Затоа, драги браќа и сестри, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, заедно со целото свештенство, Ве поканува и повикува да присуствувате на СЕНОЌНОТО БДЕНИЕ, кое на 31. 12. 2024 година со почеток во 23.30 часот, ќе се отслужи во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, каде соборно, како народ Божји, на нашиот Возглавител и Спасител Господ Исус Христос ќе Му ги принесеме најубавите и најскапоцени дарови од нашето срце.

 

 
< Претходно   Следно >