Свети Никола, Мирликиски Чудотворец |
20.12.2024. | |
![]()
На 19. 12. 2024 година, кога го прославуваме споменот на светиот Никола Чудотворец архиепископ Мирликиски, ревносниот поборник на вистината и учесник на Првиот вселенски собор, во храмот „Св. Петка“ во Кавадарци, беше отслужена Света Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во сослужение на повеќе свештенослужители од градот Кавадарци. На Литургијата присуствуваа мноштво верници, кои дојдоа да го чествуваат светиот Никола. На Литургијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, кој заедно со своето семејство, оваа година, беше и кум на чествувањето на празникот. Градоначалникот Јанчев е и донатор за изградба на новиот црковно-административен објект при црквата „Света Петка“ во склоп на кој ќе биде изграден и параклис посветен на Светиот архиепископ Мирликиски, Никола.
|
< Претходно | Следно > |
---|