Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Дела на свети Јован Златоуст - нови изданија
Дела на свети Јован Златоуст - нови изданија
16.12.2024.

 

Sample Image

 

Возљубени,

Би сакале да споделиме со Вас една голема духовна радост во овој прекрасен период на Божикниот пост. Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес излегоа од печат третиот и четвртиот том од „Делата на свети Јован Златоуст“ кои со векови наназад се неодминлива духовна храна за секој искрен и посветен православен верник, насекаде во светот.

Свети Јован Златоуст е „златната уста“, односно „духовната труба“ на Православието, воопшто. Тој е еден од најголемите, најпочитуваните, најчитаните, најцитираните и најзначајните Свети Отци и Учители на Црквата Христова, и затоа сме радосни бидејќи за првпат на македонски јазик се издава едно вакво значајно капитално дело, потпишано од овој голем Светител и сенароден Учител. Останатите четири тома, од вкупно осумте, кои како цела едиција во најблиска иднина ќе бидат испечатени и издадени, се во фаза на подготовка. Овие два тома ги преведоа свештеник Јани Мулев и Анета Ѓеорѓиевска-Наковска.

Целата едиција од осумте тома од „Делата на Свети Јован Златоуст“ се свечено издание на Повардарската епархија по повод официјалното признавање на автокефалноста на нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија.

Преговор на едицијата „Дела на свети Јован Златоуст“

Цената на книгите е 800 денари по том, а нарачката, како и досега можете ја направите на тел. 043 221 231, или пак да ни пишете на нашата е-пошта:  Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете . Нарачките исто така можете да ги извршите и на Фејсбук профилот на Повардарската епархија.

 

 
< Претходно   Следно >