Чествување на Св. Климент во Соборниот храм во Скопје |
10.12.2024. | |
![]()
На 08.12.2024 година, денот во кој Светата православна Црква го чествува споменот на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, светиот Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На Архиепископот му сослужуваа Митрополитите: Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј, како и Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким. Повеќе фотографии на страната на Скопската епархија
|
< Претходно | Следно > |
---|