


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Прослава на патронот во епархискиот параклис |
| 8.12.2024. | |
|
![]()
Прославата на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, во Повардарската епархија започна со Вечерна богослужба која се отслужи во епархискиот параклис, посветен на Свети Климент Охридски. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на протоѓакон Влатко Стоименов. Голем број верници беа присутни на Вечерната Богослужба и молитвено се поклонија пред Светителот - заштитник на Mакедонската Православна Црква и нејзините верни чеда. На денот на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Воислав Ѓеорѓиев во сослужение на протоѓакон Влатко Стоименов. Патронот на Македонската црква, Свети Климент, торжествено се прославува низ сите наши духовни светилишта, а централната прослава е во Скопје, најпрво со Вечерна богослужба во Mакедонската богословија, а на самиот ден на празнувањето со Божествена Литургија во Соборниот храм на Македонската црква посветен на Свети Климент. |
| < Претходно | Следно > |
|---|