Чествување на патронот во Македонската богословија |
7.12.2024. | |
![]()
На 6.12.2024 година, традиционално, по 57-ми пат, беше прославен патрониот празник на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во параклисот при Богословијата, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а на истата молитвено присуство зедоа: Неговото Блаженство, Ахриепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагонски г. Петар, ректорот на Богословијата – Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и Митрополитите: Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф. По Вечерната богослужба, во Богословијата, се одржа и свечена академија којашто започна со благословување и прекршување на празничниот колач од страна на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагонски г. Петар. На свеченоста беа наградени најдобрите теми и стихотворби напишани од учениците по повод патрониот празник на училиштето. На самиот крај, пред присутните, се обрати и ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој им се заблагодари на присутните, а воедно, и на светиот Климент Охридски за постојаното застапништвото и за молитвите. Повеќе фотографии на страната на Скопската епархија
|
< Претходно | Следно > |
---|