|
Возљубени! Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани. Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа. Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.
|
Осветување и поставување на Kрст |
20.11.2024. | |
![]() ФОТОГАЛЕРИЈА Крстот е знамето на православието, крстот е знамето на христијаните, крстот е спасението на човештвото, крстот нè искачува во Царството Небесно.
На 19. 11. 2024 година, се освети и се постави крст на црковно-административниот објект при црквата „Св. Петка“ во Кавадарци, кој е во изградба. Чинот на осветување на новопоставениот крст го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од градот Кавадарци.
|
< Претходно | Следно > |
---|