


| Осветување на црква |
| 21.10.2024. | |
|
![]()
На 20.10.2024 година се изврши осветување на новоизградена црква, посветена на Светото Вознесение Христово, во селото Корешница, покрај Демир Капија. Чинот на осветување, со благослов и покана од Митрополитот Повардарски г. Агатангел, го изврши Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а во сослужение на свештенство на Повардарската епархија. По осветувањето на црквата, беше отслужена и Света Божествена Литургија.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|