Ракополагање на свештеник |
7.10.2024. | |
На 05. 10.2024 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештеници отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во свештеник, ѓаконот Петар Кабранов од Кавадарци. Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.
|
< Претходно | Следно > |
---|