Рождество на Пресвета Богородица |
23.09.2024. | |
На празникот на раѓањето на мајката над сите мајки, мајката од чија утроба се роди Спасителот на светот, која што прва го слушна гласот на ангелот како и довикува: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“, многуброен народ доаѓа да ги посети Божјите храмови низ целиот свет и со молитвено поклонение и молитви кон Божјата Мајка да го побара нејзиното застапништво пред престолот на Господ Бог, Исус Христос. Митрополитот Повардарски г. Агатангел на денешниот празник чиноначалствуваше со Архиерејската Божествена Литургија во Согленскиот манастир.
|
< Претходно | Следно > |
---|