Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
Возљубени, на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
Отсекување на главата на св. Јован Крстител |
12.09.2024. | |
На 11 септември, Црквата го оживува споменот за маченичката смрт на Свети Јован Претеча. Претеча е оној кој брза пред некого за да ја објави веста за Неговото доаѓање и тоа е едно од имињата на овој светител. Тоа име на Свети Јован е сосема разбирливо и оправдано, зашто целиот свој живот, од неговото зачнување, па сè до телесната смрт, тој непрекинато сведочеше дека Исус навистина е Бог и Син Божји. По тој повод, во манастирот посветен на овој светител во местото Ветерско беше отслужена Света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Митрополитот, во својата беседа пред присутните, зборуваше за духовниот живот на Свети Јован Крстител, за неговата праведност, како и за спремноста да се жртвува за вистината, кога станува збор за изобличувањето на гревот. По Литургијата беше извршен Водосвет и прекршување на празничните лебови.
|
< Претходно | Следно > |
---|