Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Призив на Светиот Дух во Македонската Богословија

 

Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“

 

Sample ImageВозљубени,

на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник.

На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес.

Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.

 

 
 

 Божикно послание                        Распоред на богослужби

 
Призив на Светиот Дух во Македонската Богословија
2.09.2024.

 

Sample Image

 

 ФОТОГАЛЕРИЈА

„Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува чинот призив на Светиот Дух.

Овој чин се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на богословите за да можат преку подвижнички живот и со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание.

На Божествената Литургија во параклисот во Богословијата во Драчево чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и на дел од свештениците-професори во Богословијата.

Со благослов на Митрополитот и ректор на МПБ г. Агатангел, поздравно слово произнесе Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

 

 
< Претходно   Следно >