Успение на Пресвета Богородица |
28.08.2024. | |
ФОТОГАЛЕРИЈА - СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА На денот на Успението на Пресвета Богородица беше отслужена света Божествена Литургија во храмот посветен на Успението Богородично во Велес, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од градот Велес.
ФОТОГАЛЕРИЈА - ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА Во превечерјето на денот во кој се чествува Успението на Богомајката, во храмот посветен на ова Второ Воскресение, како уште се нарекува, во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенослужители од градот отслужи Вечерна богослужба. На Вечерната беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица.
Чествувањето на Успението на Пресвета Богородица во градот Велес, започна на 26. 08. 2024 година, со отслужување на Молебен канон на Пресвета Богородица со читање на Богородичниот Акатист, во црквата посветена на Богородичното Успение. На службата беа осветени петолебија, кои верниците ги принесоа за здравје и благосостојба.
|
< Претходно | Следно > |
---|