Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Историја на МПЦ arrow II светска војна и обновувањето на Охридската арх.
II светска војна и обновувањето на Охридската арх.
20.03.2008.
Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија
 

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од фашистичкиот окупатор и да се здобие со национална слобода, државност и црковно осамостојување. Првиот официјален акт во врска со регулирањето на македонското црковно прашање бил донесен на 15 септември 1943 година од страна на тукушто формираното Верско поверенство при Главниот штаб на Македонската војска. Во оваа одлука, се сублимирани сите копнежи на македонскиот народ за овновување на Охридската архиепископија и таа претставува завршеток на неговата вековна борба за здобивање со своја независна и самостојна народна Православна црква. Веднаш по формирањето на Верското поверенство, на ослободената територија, во селото Издеглавје - Охридско, бил одржан Првиот свештенички собор, на кој биле донесени едногласни решенија од првостепено значење за натамошната иднина за црковното управување во Македонија. Тогаш македонското свештенство одбило да ја признае јурисдикцијата на која и да е туѓинска црква, барајќи во слободна Македонија да се обнови Охридската архиепископија и црковниот живот на слободниот македонски народ да биде раководен од Македонска православна црква. Слични иницијативи биле покренати и од другите македонски свештеници во уште неослободените делови на Македонија, подготвувајќи го теренот во својата слободна татковина да се организира православна црква на македонскиот народ. Подоцна и во селото Горно Врановци, уште за време на војната, бил формиран Иницијативен одбор за поствоено организирање на Македонската православна црква. По завршувањето на војната, тој Иницијативен одбор го презел црковното раководење и ги спровел подготовките за одржување на Првиот македонски црковно-народен собор. Во сите градови во Македонија биле формирани духовни одбори, составени од тројца свештеници и тројца мирјани. На нив им биле дадени упатства околу подготовката на престојниот Прв македонски црковно-народен собор.


 
< Претходно   Следно >