Божикен попуст на дел од изданијата на издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ |
на 20.01.2025-то лето Господово, (Понеделник), на денот во кој ќе го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, која ќе започне во 08.15 часот, ќе чиноначалствува Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, како и на свештенослужители од градот Велес. Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.
|
|
Шеста Недела по Педесетница |
5.08.2024. | |
![]()
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светата Марија Магдалина, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата "Св. Јован Крстител" во Велес. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благослови и го потстрижа во чин чтец, ученикот Стефан Атанасов од Велес. По Литургијата беше отслужен и молебен за дожд, како посебно богослужение при кое Го молиме Господ и Неговите угодници за милост или, Му благодариме на Бога за добивањето на некои дарови или заради услишаните молитви. Пред извршувањето на овој црковен обред, Митрополитот Агатангел им ја објасни на верниците духовната и практичната димензија на овој обред, при што истакна: Молебните според својот состав се слични на утреното богослужение и се извршуваат во храмовите, надвор од храмовите или во приватни домови, болници, детски и старечки домови, образовни институции, касарни, затвори и секаде каде што има потреба. Се служат на храмов празник, на големи празници, во време на елементарни непогоди – кога има многу дождови, голема суша, земјотреси, пожари, епидемии, војни итн.
|
< Претходно | Следно > |
---|