|
Возљубени! Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани. Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа. Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.
|
Илинден |
2.08.2024. | |
![]()
На денот кога Македонската православна црква го чествува споменот на светиот пророк Илија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија, отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. По повод овој ден, кој Република Македонија го чествува како свој национален празник, на Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Панихида за Илинденците, како и за сите оние наши браќа и сестри кои ги положија своите животи за слобода на Македонскиот народ и стремежот за слободна и независна држава Македонија.
|
< Претходно | Следно > |
---|