|
Возљубени! Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани. Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа. Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.
|
Света Педесетница - Духовден |
23.06.2024. | |
![]()
Светата Педесетница - роденденот на светата Црква - денот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор на сите оние кои се повикани за спасение на тој начин што со својот живот и со своите дела ќе се вградат во телото на Црквата, секоја година свечено се прославува во сите православни храмови во светот. Света Божествена Литургија се служеше и низ сите храмови во Повардарската епархија, а централното чествување на првиот ден од Педесетницата се одржа во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон” во Велес, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија. По причестувањето, Митрополитот и свештенослужителите пристапија кон служење и на Вечерната богослужба, која во овој ден се извршува веднаш по Литургијата. По големот прокимен од страна на Владиката и свештенослужителите беа прочитани трите долги молитви предвидени за овој ден.
|
< Претходно | Следно > |
---|