


| Воскресение Христово |
| 5.05.2024. | |
|
![]()
Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена точно на полноќ во сабота спроти недела низ сите храмови ширум светот. Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“! Во светата и велика Недела на Пасха, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, беше отслужена Вечерна богослужба - Второ Христово Воскресение, на која беше прочитано дел од Евангелието на повеќе јазици. На богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|