Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Преосветување на црква во Демир Капија
Преосветување на црква во Демир Капија
30.04.2024.

 

Sample Image

 

Осветување на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ - Демир Капија

19.05.2024

Возљубени,

со огромна духовна радост Ве покануваме да присуствувате на преосветувањето на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија. Преосветувањето се прави после целокупната внатрешна обнова на Црквата, која опфаќа нов фрескоживопис, нов иконостас и икони, потоа нов под и подно греење, врати, како и целосна обнова на црковниот трем.

Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.

храм „Успение на Пресвета Богородица“ - Демир Капија

18. 05. 2024 (САБОТА)

† 17.00 часот - Празнична вечерна Богослужба на која ќе богослужи Митрополитот Повардарски г. Агатангел;

19. 05. 2024 (НЕДЕЛА)

† 08.30 часот - Чин на преосветување на црквата „Успение на Пресвета Богородица“;

† 09.30 часот - Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и на бројно свештенство на Повардарската епархија.

 

 

 
< Претходно   Следно >