Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Православна Светлина бр. 69

 

СИНОДСКО СОЧУВСТВО ПО ПОВОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

 

 


Возљубени!

Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани.

Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа.

Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.

 

 
Православна Светлина бр. 69
30.04.2024.

 

Sample Image

 

Излезе од печат Велигденското издание на списанието „Православна светлина“. Во овој 69-ти број, стандардно, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и ова издание ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.

Списанието е бесплатно и можете да го земете за време на претстојните Велигденски служби низ храмовите во Повардарската епархија.

 

Електронска верзија  на списанието (PDF)

 

 

 
< Претходно   Следно >