Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Исповед на свештенството

 

СИНОДСКО СОЧУВСТВО ПО ПОВОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

 

 


Возљубени!

Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани.

Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа.

Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.

 

 
Исповед на свештенството
26.04.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во петок од шестата седмица од Великиот Пост, во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од велешкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија.

 

По Литургијата, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пензионираниот свештеник, протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, изврши Света тајна Исповед на свештенството од велешкото намесништво од Повардарската епархија.

Протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, изврши Света тајна Исповед на свештенството и од кавадаречкото намесништво од Повардарската епархија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци.

 
< Претходно   Следно >