|
Возљубени! Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани. Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа. Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.
|
Акатист кон Пресвета Богородица |
19.04.2024. | |
![]()
На 19. 04. 2024 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес беше отслужено мало Повечерие со целиот Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужбата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а служеа повеќе свештенослужители од градот Велес. На оваа вечерна богослужба, се чита целиот Акатист кон Пресвета Богородица, кој пак, за време на Великиот Пост се служи во петоците од петте седмици од Великиот пост. По завршувањето на малото Повечерие беа осветени петолебија, кои верниците ги земаат за здравје и благосостојба.
|
< Претходно | Следно > |
---|