Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Нови изданија од „Св. Ѓорѓи Полошки“

 

СИНОДСКО СОЧУВСТВО ПО ПОВОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

 

 


Возљубени!

Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани.

Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа.

Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.

 

 
Нови изданија од „Св. Ѓорѓи Полошки“
10.04.2024.

 

Sample Image

 

Возљубени,

 

Во овој подготвителен период, очекувајќи ја најрадосната вест за нас, христијаните, веста за Воскресението на нашиот Бог и Спасител, Господ Исус Христос, сакаме да Ве информираме дека го збогативме книжниот фонд на издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ со нови три изданија, кои веруваме дека дополнително ќе ја зголемат оваа Воскресна радост. Станува збор за книгите: „Пат на небо“ од Старец Клеопа, „Средба со Бог“ од старец Ефрем Аризонски и „Света Ксенија Петроградска“.

 

Преговор на книгата „Пат на небо“;

Предговор на книгата „Средба со Бог“.

Предговор на книгата „Света Ксенија Петроградска“

 

Новите изданија, како и досега, можете да ги порачате на телефонскиот број 043/221-231; на нашата е-пошта:  Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете ; како и на нашата ФБ страница.

 

Цената на новите книги изнесува:

„Пат на небо“                                    700 денари;

„Средба со Бог“                                700 денари;

„Света Ксенија Петроградска“          300 денари.

Книгите ќе бидат изложени на годинешниот Саем на книгата по репрезентативна цена, односно 600 денари за „Пат на небо“ и „Средба со Бог“, како и 250 денари за книгата „Света Ксенија Петроградска“.

 

 
< Претходно   Следно >