


| Недела на Православието |
| 24.03.2024. | |
|
![]()
Во Неделата на Православието се отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси. По завршувањето на Литургијата се отслужи Панихида за сите загинати во терористичкиот напад во Москва, а потоа беше отслужен и Молебен во Неделата на Православието.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|