Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Недела на Простувањето

 

СИНОДСКО СОЧУВСТВО ПО ПОВОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

 

 


Возљубени!

Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани.

Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа.

Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.

 

 
Недела на Простувањето
18.03.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во Неделата на простувањето - Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога.

Во својата празнична беседа Митрополитот Агатангел не повика сите да го искористиме овој ден за да побараме прошка од своите најблиски и од сите оние на кои сме погрешиле и да се обидеме од денешниот ден, па се до Воскресението Христово да ја исполниме нашата душа со добрина, љубов, милосрдие и на тој начин да се обидеме да се соединиме со нашиот Бог, Господ Исус Христос.

По Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел зеде молитвено учество во Умилителната вeчерна богослужба, по чие завршување следуваше чинот на меѓусебно простување.

 

 
< Претходно   Следно >