Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Нови изданија од „Св. Ѓорѓи Полошки“

Возљубени,

со радост го споделуваме со Вас целокупниот видео материјал од културно-уметничката програма по повод чествувањето на денот на рамноапостолните македонски и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј во Велес.

Видео материјал

 
Нови изданија од „Св. Ѓорѓи Полошки“
27.02.2024.

 

Sample Image

 

Возљубени,

Во овој подготвителен период пред Великиот Пост, со голема радост сакаме да Ве информираме дека го збогативме книжниот фонд на издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ со четири реизданија на книги, кои нашата читателска публика подолг временски период ги бараше. Станува збор за книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Мојот живот со старец Јосих Исихаст“, „Свети Нектариј Егински“ и „Давидов Псалтир“.

Знаеме дека ова е радосна вест за многумина од Вас, а сите ние, кои под духовно водство на нашиот Митрополит Агатангел, како главен двигател на нашата издавачка дејност, работиме во оваа духовно-просветна дејност, во оваа прилика сакаме да ја изразиме својата благодарност до Вас и својата радост што нашиот македонски народ е Богољубив и е жеден за духовните поуки кои произлегуваат од житијата, подвизите и беседите на светиите и преподобните Божји угодници, кои ги подготвуваме на нашиот мајчин македонски јазик, во нашите книги.

Издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е формирана во 2007 година, по иницијатива на нашиот Митрополит Повардарски г. Агатангел. Таа, до денес, ги оствари и потполно ги надмина замислите и очекувањата кои на самиот почеток ги имавме. Обедини многу луѓе во една благородна и просветна мисија, дел кои активно работат во нејзиниот состав, а најголемиот дел сте сите Вие, кои ги збогативте Вашите домашни библиотеки со нашите изданија во изминативе години, а со тоа ги поставивте темелите на Вашата домашна црква која ќе Ви биде голема помош за да го насочите Вашиот и животите на Вашите најмили во вистинскиот правец, кон светлината на Царството Небесно и кон Господ Исус Христос.

Новите изданија, како и досега, можете да ги порачате на телефонскиот број 043/221-231; на нашата е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете ; како и на нашата ФБ страница.

Цената на новите книги изнесува:

„Старец Јосиф Исихаст“ 400 денари;

„Мојот живот со старец Јосих Исихаст“ 400 денари;

„Свети Нектариј Егински“ 400 денари;

„Давидов Псалтир“ 350 денари.

 
< Претходно   Следно >