Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети Атанасиј Велики

Возљубени,

со радост го споделуваме со Вас целокупниот видео материјал од културно-уметничката програма по повод чествувањето на денот на рамноапостолните македонски и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј во Велес.

Видео материјал

 
Свети Атанасиј Велики
31.01.2024.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот на кој Светата православна црква го чествува Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, се отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Неготино, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а сослужуваа свештенослужители од кавадаречкото намесништво. Повеќе верници застанаа пред Светиот Путир, примајќи ги Светите Христови дарови, а потоа беа прекршени и празничните колачи.

 

 
< Претходно   Следно >