|
Возљубени! Во сабота, на ден 22. 03. 2025 година, (Младенци), во сите храмови од Повардарската епархија ќе биде отслужена Света Заупокоена литургија и Молебен за здравје и поткрепа на настраданите при пожарот и страшната трагедија во Кочани. Ги повикуваме сите православни верници од Повардарската епархија да земат учество во заедничката молитва, која ќе ја упатиме кон Бога за покој на душите на починатите, како и за брзо и успешно заздравување на сите настрадани во оваа страшна несреќа. Господ Бог нека им даде мир, духовна сила и утеха на нивните родители, на сите нивни роднини и пријатели.
|
Хиротонија на нов Епископ на МПЦ-ОА |
22.01.2024. | |
![]()
На 21.01.2024 година, во Соборниот храм „Свети вмч. Димитриј“ во Битола, на Светата Архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите на Светиот Синод на нашата Света Македонска Православна Црква-Охридска архиепископија, беше извршена Хиротонија на Сепреподобниот архимандрит Никола во епископски чин. Повеќе за овој настан на сајтот на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА
|
< Претходно | Следно > |
---|