Бадник |
8.01.2024. | |
На Бадник, свештеници од градот Велес отслужија Света Златоустова Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња, а беа поделени и Бадниковите гранчиња. По ова, беше формирана традиционалната Бадникова Литија, на која дечињата громогласно и радосно го најавија Христовото раѓање и пренесоа топла празнична порака, пеејќи ја Бадниковата песна „Вечниот Бог“ низ улиците на градот Велес. Бадниковата поворка тргна од храмот „Св. Кирил и Методиј“ до Општина Велес, каде децата беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња и од градоначалникот г-дин Марко Колев.
|
< Претходно | Следно > |
---|