Прослава на патронот во Соборниот храм во Скопје |
12.12.2023. | |
![]()
На 08.12.2023 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше со Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На Архиепископот му сослужуваа Митрополитите, Повардарски г. Агатангел и Брегалнички г. Иларион и Епископите, Дељадровско-илинденски г. Јоаникиј и Стобиски г. Јаков, којшто и произнесе беседа. Многубојниот светиклиментов верен народ се причести со светите Христови дарови. Преземено од сајтот на Скопската епархија на МПЦ-ОА
|
< Претходно | Следно > |
---|