Чествување на патронот во Македонската богословија |
7.12.2023. | |
![]()
Прославата на патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, светиот чудотворец Климент Охридски, секоја година најпрво започнува со празнични активности во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево. Чествувањето започна со свечена Вечерна богослужба во капелата на Македонската богословија, на која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, епископот Стобиски г. Јаков, а присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, како и поранешниот Митрополит Јосиф. На вечерната богослужба сослужуваа свештениците, професори во Богословијата, а молитвено присуствуваа сите ученици богослови. Празничниот леб го благослови и прекрши митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. По завршувањето на Вечерната богослужба, беа доделени наградите на богословите со најдобри дела од конкурсите за проза и поезија. На крајот до сите присутни со празнично слово се обрати и ректорот на богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
|
< Претходно | Следно > |
---|