Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Св. вмч. Димитриј, Валандово

Возљубени,

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 18. 04. 2024 година до 24. 04. 2024 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Повардарската епархија ќе ги претстави сите изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите.

Оваа година беше навистина плодна за нашата издавачка дејност, па така, на саемот, ќе претставиме дури ДВАНАЕСЕТ нови изданија, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Свети Јован Златоуст - Дела“ 1 и 2 том, „Средба со Бог - старец Ефрем Аризонски“, „Света Ксенија Петроградска“, „Монографија – Митрополит Агатангел“, „Свети Герасим Кефалониски“, „Историја на македонскиот народ“, како и реизданија на книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Мојот живот со старец Јосиф“, „Пат на небо“, „Свети Нектариј Егински“ и „Давидов Псалтир“.

Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 
Св. вмч. Димитриј, Валандово
8.11.2023.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На празникот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Епархијата отслужи Света Божествената Литургија во храмот посветен на  овој светител во Валандово.

На Божествената Литургија присуствуваа голем број на верници од Валандово и  неговата околина, кои традиционално секоја година молитвено му се поклонуваат на светиот великомаченик Димитриј и го молат за застапништво на нивните души пред престолот на Господ Бог.

На Литургијата со празнично слово се произнесе протоереј-ставрофор Љупче Миланов, по што верниците пристапија кон причестување со Телото и Крвта Христови. По завршувањето на Литургијата Митрополитот и свештенството осветија вода и ги прекршија славските колачи.

 

 
< Претходно   Следно >