


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| 21 седмица по Педесетница |
| 31.10.2023. | |
![]() Во 21 седмица по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. На Литургијата сослужуваа архиерејските намесници на сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија, како и повеќе свештеници од градот Велес. На оваа Литургија се одбележа една година од осветувањето на овој храм. На Литургијата молитвено присуствуваа многина верни, меѓу кои и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, како и претставници на повеќе градски институции. |
| < Претходно | Следно > |
|---|