Света Божествена Литургија во Кавадарци |
9.10.2023. | |
На 08.10.2023 година, се отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Кумановско -осоговски г. Григориј, како и бројно свештенство на Македонската православна црква. На овој ден, се одбележаа две години од преосветувањето на овој храм. На Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, согласно Одлуката на Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА, го одликуваше досегашниот протоереј Воислав Ѓеорѓиев со право на носење на граден крст. |
< Претходно | Следно > |
---|