Семакедонски православен собор |
2.10.2023. | |
![]()
На денот кога го чествуваме Соборот на сите македонски светители, во црквата "Св. Кирил и Методиј" во Гевгелија се одржа традиционалниот "Семакедонски црковно-народен собор". Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Божествената Литургија во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков, како и бројно свештенство и монаштво на нашата света македонска црква. На Соборот, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на целиот Синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, упати апел за духовно и национално обединување на македонскиот народ. Традиционално, на светата Литургија присуствуваа верници од цела Македонија и дијаспората, а меѓу присутните беа и градоначалниците на Општина Гевгелија, г-дин Андон Сарамандов, на Општина Велес, г-дин Марко Колев и на Општина Ново Село, г-дин Ѓорѓе Божинов.
|
< Претходно | Следно > |
---|