Соопштение |
26.09.2023. | |
Возљубени духовни чеда на нашата Света Македонска Црква, Ве известуваме дека на 01. 10. 2023 година (недела), односно на денот кога црковно ќе им оддадеме почит на сите македонски светители, ќе се одржи традиционалниот „Семакедонски православен христијански собор“, настан кој во себе ја содржи силната и нераскинлива врска, која го поврзува македонското национално битие со православната вера, настан на кој упатуваме апели за уште посилно зацврстување на таа врска која го одржува македонското опстојување, настан на кој ќе имаме можност да го покажеме нашето македонско единство, љубовта кон својот православен македонски род, љубовта кон нашиот мајчин македонски јазик, како и љубовта кон нашата земја Македонија која почива во прегратките на целата небесна ерархија. Затоа, го повикуваме целиот македонски православен народ, на овој ден да земе учество на светата Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија и да биде дел од овој традиционален собор, кој имаме силна желба и потреба истиот да го одржиме жив уште многу години. Светата Божествена Литургија ќе започне во 08.45 часот, а на неа ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, членови на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, како и бројно македонско свештенство и монаштво.
|
< Претходно | Следно > |
---|