


|
Возљубени, Ве известуваме дека приемниот испит за ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје за учебната 2026/2027 учебна година, наместо во првично предвидениот термин на 19.06.2026 година (петок), се преместува за на 15.06.2026 година (понеделник). Сите останати услови остануваат непроменети. |
| Одбележување на јубилеј |
| 18.09.2023. | |
|
![]()
На 17 септември 2023 година, се навршија две години од преосветувањето на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во градот Гевгелија. По тој повод, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од Повардарската епархија, отслужи света Божествена Литургија во оваа црква. На Литургијата молитвено присуствуваа голем број жители на градот Гевгелија.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|